По денес одржаната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски, донесена е одлука за прогласување на нова вонредна состоја што ќе трае во следните 30 дена.

Претседателот Пендаровски нагласи дека проценката на стручните лица е дека потребно е повторно прогласување на вонредна состојба и дека ја презема одговорноста да донесе одлука за постоење утврдување на постоење на вонредна ситуација во период од 30 дена.

  • Вчера добив предлог за воведување на вонредна состојба во следните 30 дена. Согласно процените, jасно е дека е потребно повторно прогласување на вонредна состојба. Одлуката ќе ја донесам согласно моите уставни надлежности и ќе трае следните 30 дена. Уставотворецот нема предвидено ваква ситуација, Собранието да не работи и да не може да ја потврди мојата прва одлука за вонредната состојба. Во ситуација кога пратениците земаат плата, кога ниту од нив нема побарано апанажа по завршување на мандатот, значи дека тие се сеуште со валиден мандат, а Собранието сепак не работи. Јас ја преземам одговорноста за ваква одлука затоа што имаме ситуација без преседан, кога е далеку поважно да ги сочуваме животите и здравјето на луѓето, отколку да се криеме зад правни толкувања“, рече претседателот Пендаровски.

Тој ги повика политичките чинители во државата да се изјаснат за начинот на продолжувањето на вонредната состојба во државата во следниот период, бидејќи со ваква ситуација сите ќе се соочат и на средината на мај. „Ова решение не ја намалува одговорноста на релевантните политички фактори во државата, јасно и јавно да ги кажат своите ставови по ова прашање, затоа што во средината на мај, ќе ги имаме истите правни дилеми пред себе“, додаде Пендаровски.

OhridNews