Донесувањето на Деталниот урбанистички план за 8 -ма урбана единица, со кој се предвидува изградба на 29 колективни згради во населбата Бејбунар во Охрид, ги скара централната и локалната власт.

Иако птретходно Министертсвото за транспорт и врски позитивно се изјаснило за ова урбанистичко решение, на барање на Управа за заштита на културнот наследство, таквата одлука била укината, и донесено е  решение за привремена забрана за урбанизација на населбата  Бејбубар, за да се извршат  археолошки истражувања. И покрај тоа,  Советот на опшина Охрид го донесе урбанистички план за Бејбунар, што наиде на остри критики од ВМРО ДПМНЕ. Партијата на вчера одржаната прес конференција одлуката на градскиот Совет ја оцени како незаконска. „И покрај донесеното решение од Министерството за транспорт, градоначалникот на Охрид предлогот за донесување ДУП за населбата Бејбунар го достави пред Советот кој истиот го изгласа, што претстaвува кривично однесување“, истакна пратеникот Цветко Грозданов. Тој искажа очекување дека таквото однесување ќе биде санкционирано.

За локалната самоуправа, прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ е избрзана, а обвинувањата неаргументирани. „Останува отворено прашањето во јавнста, што е тоа што се изменило на терен, Министерството за транспорт и врски еднаш даденото позитивно мислење да го повлече, доколку не се работи за тесно партиски интереси“, изјави портпаролот на локалната самоуправа“, Никола Манески.

Општината смета дека централната власт намерно го попречува донесувањето на ДУП за 8-та урбана единица. Со тоа, сметааат градските власти, државата свесно го  успорува  развојот на Охрид, бидејќи само по основ на комуналии од изградбата на новата населба во Бејбунар во општинската  каса ќе се инкасираа 10 милиони евра.

ohridnews