Со цел подобрување на водоснабдувањето во селото Елшани, МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид во соработка со инвеститорот Општина Охрид започна со изведба на нова водоводна линија во ова охридско село.
– Ќе се врши изведба на два краци на водоводна линија од кои едниот со должина од 60 метри и профил ф 90 мм,а другиот со должина од 50 метри и профил ф 90 мм со кои ќе се поврзат највисоките делови од селото на новиот водоснабдителен сѕстем, информираат од јавното претпријатие.
OhridNews