Екипи на ЈП „Вoдовод“ започнаа со изведба на нова водоводна линија на крак во населбата Рача, информираат од Општина Охрид.
Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 мм во должина од 164 метри, велат.
Воедно информираат и дека екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на партерно уредување на крак од улицата „Марко Цепенков“.
Се поставуваат бехатон плочки со што се подобруваат условите на жителите од тој дел, додаваат од Општина Охрид.
OhridNews