Националниот парк Галичица во соработка со експерти и локалното население, ќе гради нова визија за развој на ова исклучително природно богатство.

Создавањето на заедничка Визија е процес во кој треба да се слушнат и разгледаат гледиштата, размислувањата и очекувањата на најразлични општествени групи, инситутции и бизниси, велат од паркот. Очекувано е некој од нив ќе се разидуваат, дури и да бидат спротиставени. Целта на процесот за создавање на заедничка Визија е да се изнајдат компромиси и да се дојде до заеднички договор. Само широко прифатена Визија за иднината на паркот ќе биде здрава основа за понатамошното планирање, за поставување конкретни цели, односно нивно исполнување преку разни мерки и активности, е ставот на националниот парк.

Неодамна  се одржа работилница на која беа дефинирани клучните зборови, фрази и изјави кои тие би сакале да бидат вградени во идната заедничка Визија за Националниот парк Галичица. Врз основа на резултатите од работилницата ќе се изработи предлог Визија која во понатамошниот тек од процесот ќе биде дополнета или изменета согласно предлозите од сите заинтересирани и засегнати страни, вклучително и локалните заедници, институциите на локално и државно ниво, невладините организации, бизнисите и други општествени групи, информираат од НП Галичица.

Ohridnews