Студиото „Ворнер“ објавило дека спрема нова верзија на популарниот романтичен трилер „Телохранител“, во кој глумеле Кевин Костнер и Витни Хјустон. Во оригиналната верзија на филмот, агентот на тајната служба, кој го игра Костнер, добива задача да ја штити пејачката која ја игра Витни, бидејќи некој и се заканува со смрт, а работејќи ја својата работа, телохранителот се вљубува во својата клиентка.
Популарниот филм бил прикажан 1992 година и веднаш станал глобален хит со заработка од дури 411 милиони долари. Новата верзија на овој филм е слична љубовна приказна, со тоа што новиот телохранител е поранешен ветеран од војана во Ирак, а заштитата на пејачката му е прва задача по отпуштањето од војската.