Цената на лебот по новогодишните празници ќе се корегира најавуваат мелничарите. Дали ќе се зголеми или намали, ќе зависи од цената на пченицата, велат тие.
Векна леб во Охрид по неодамнешното поскапување чини 30 денари, додека цената на печивата во просек се зголеми за 5 денари. Сепак иако некои пекари ги поскапеа производите истите деновиве ги намалија цените на лебот и печивата.
Мелничарите велат дека сеуште е рано да се зборува за ново поскапување на лебот, но посочуваат дека секаде во земјите во регионот тој се продава поскапо. Во Албанија 550 грама леб чини 50 денари, а во Словенија лебот се продава за 1,5 евро, велат мелничарите.
Г.М.