Добра форма и квалитет, охридската тенисерка Ана Стојановски ги потврди и во Куманово, каде триумфираше  на последниот турнир за девојки под 14 години за оваа каландерска година

Охриѓанката, идентично како и на претходниот турнир во финалето ја совлада Нина Маринковиќ во два сетови 6-2 и 6-4 и стигна до титулата. Во полуфиналето, Стојановска славеше против клупската колешка Мина Петреска.

Со одличните игри Стојановска и Петреска се пласираа на 3 и 7 место на ранг листата во нашата земја и обезбедија учество на завршниот Мастерс турнир.

Кај момчињата, Павел Стевковски по победата во првиот натпревар, во 1/4 финалето загуби од финалистот Борјан Николовски од ТК Тениспарк од Скопје. Во финалето подобар од Борјан, беше Амар Хусеиновиќ од ТК МТП Скопје. Сезоната Стевковски ја заврши на 9-та позиција на ранг листата и е помеѓу првите замени за учество на завршниот Мастерс турнир доколку некој од претходно рангираните го откаже учеството.

Иако е ова прва сезона во оваа конкуренција, охридските тенисери покажаа одлични резултати, што е плод на нивната континуирана работа, упорност и целосна посветеност во овој спорт.

OhridNews
Фото: Архива