Еден од најубавите духовни храмови на Балканот, црквата Св. Пантелејмон на Плаошник, од синоќа е во ново светлосно руво. Членовите на ЛК „Лихнидос“ изведоа нов потфат, како дел од нивниот мега проект *Охрид – град на светлината*, со кој ќе се овозможи атрактивен туристички разглед на стариот град во ноќните часови.

Во пресрет на Велигден, црквата на нашиот заштитник Св. Климент блеснува со сета своја раскош. Всушност, целиот овој простор е едноставно магичен. Со новото светло ние само ја потенцираме оваа несекојдневна убавина, која никого не остава рамнодушен. – вели pроф. д-р Зоран Тунтев, иницијатор на проектот.

Би сакал да изразам посебна благодарност до компанијата ИСЦ Системи, за нивниот професионален однос и за довербата која ни ја укажуваат. Нашата иницијатива продолжува, на ред е црквата Св. Јован Канео. – додава професор Тунтев.

OhridNews