Во дворот на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ започна изградбата на спортска сала, што се изведува во рамки на проектот „Изградба на 145 спортски сали“ на Министерството за образование и наука, а во соработка со Локалната самоуправа на општина Охрид.
Спортската сала ќе се протега на површина од 650 метри квадратни, и ќе биде опремена со потребните спортски реквизити, а динамиката на изградбата ќе зависи и од временските услови. Предвидено е таа да биде пуштена во употреба на почетокот од наредната учебна година.
Во рамки на проектот предвидена е и замена на постојната покривна конструкција, како и замена на дотраената дрвена дограма со нова. Овие градежни активности ќе бидат реализирани до почетокот на учебната 2019/2020 година.
OhridNews