Холивудските ѕвезди Том Круз и Бред Пит ќе играат повторно заедно во филмот “Go Like Hell”, пишуваат електронските медиуми. „Холивуд рипортер“ пренесува дека режисерот Џозеф Косински е многу заинтересиран во неговиот нов филм за ривалството на американските и италијанските производители на автомобили да заигра Бред Пит.
За Том Круз веќе е потврдено дека ќе учествува во филмот и дека ќе го толкува ликот на дизајнерот на автомобили Карол Шелби. Пит и Круз глумеле заедно во филмската адаптација на романот на Ен Рајс „Интервју со вампирот“ во 1994 година.