Соларниот факел го снимил сателитот СДО(Солар динамикс обсерватори) во петокот, а таа веднаш предизвикала големи пречки на радио брановите во одделни делови на Земјата.
Американската администрација за океанографија и атмосферски прилики ги категоризираше ефектите на новиот соларен факел како класа Р3 од можната скала до 5. Набрзо интензитетот опадна на Р1.
Во НАСА предвидуваат дека соларната бура, предизвикана од споменатиот соларен факел, се движи со брзина од 2.400 километри во секунда и во еден дел ќе ја погоди и Земјата.
извор: Makfaks