Манипулациите на Градоначалникот Петрески и неодговорната локална власт продолжуваат и понатаму, притоа не одбирајќи средства да ги прикријат своите лаги и својата неспособност, беше истакнато на денешната прес- конференција на општинската ВМРО- ДПМНЕ.

– Кога минатиот пат укажавме дека во Охрид се спроведува скандалозен тендер за набавка на 10 информативни екрани на допир добивме одговор дека цената на овој тендер ќе биде најмалку два пати помала, велат од ВМРО- ДПМНЕ.

Во врска со отворањето на доставените понуди на тендерот, од ОК на ВМРО- ДПМНЕ упатуваат прашања до градоначалникот Петрески- дали е вистина дека набавката на информативните екрани на допир чини двојно помалку од 60.000 евра, во која програма е влезен овој скандалозен тендер ако се знае дека во годишната програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид не е предвидена ваква набавка.

Од ВМРО- ДПМНЕ прашуваат и колку изнесува разликата во понудената цена на првиот и вториот понудувач, како и што ќе излезе на екранот на допир откако туристот ќе побара информација каде се наоѓаат јавните тоалети во Охрид.

OhridNews