Ракометниот клуб Охрид успешно го помина гостувањето во Битола совладувајќи го Пелистер 25-19 во една од поинтересните пресметки во третата рунда од Супер лигата. „Гладијаторите“, одиграа добар натпревар особено во вториот дел во кој ја стекнаа предноста за победа.

Наградата за добрата претстава покрај бодовите е и изборот на Бобан Блажески во тимот на колото од специјализираниот интернет сајт за ракомет „24ракомет“. Десното крило беше најефикасен ракометар во Охрид и заслужено го доби местото во тимот на колото.

Во минатата втора рунда во идеалниот тим вклучени беа пивотменот Иван Тасески и голманот Јагош Брауновиќ што значи дека охриѓани влегуваат во посакуваниот ритам во Супер лигата.

Во рамките од четвртата рунда „гладијаторите“ на домашен терен ќе се сретнат со Радовиш. Мечот се игра в сабота со почеток во 19 часот.

OhridNews