Охридските ракометари со 29-26 го совладаа Младост и прокнижија нови три бода кои ги сврстуваат во врвот на табелата. До четвртата победа во шампионатот (трета во низа) охриѓани стигнаа благодарение на креативната игра во нападот.


Гостите имаа предност само во воведните минути од мечот, по што избраниците на Андовски ја превзедоа инцијативата и со серија погодоци го завртеа резултатот во своја корист. На полувремето “белите“ заминаа со плус пет 17-12.

Одлучувачката предност ја направија на стартот на вториот дел кога ги казнуваа сите грешки на гостинските ракометари. Томоски со единаесет гола беше најпрецизен кај охриѓани, додека Арнаудов со осум кај гостинските ракометари. Во финишот на мечот како по правило, Андоновски им даде шанса на најмладите, а тоа беше можност гостите да стигнат до пристоен пораз.


Победата над Младост е убава увертира за мечот на полусезоната наредниот викенд во Струга против истоимениот лигаш.

М.П.