Охридските кошаркари до 18 години продолжија со жнеењето на бодови во Младинската лига победувајќи го составот на Баскет Академија од Струмица со 79-68 (27-20, 23-21, 14-15, 15-12).
Пулените на Тони Стојаноски одиграа добро полувреме во кое стекнаа предност од девет поени. Водството го задржаа до крајот од мечот и забележаа нова победа која ги зацврсти на врвот од табелата.
Во следната рунда младинците повторно играат во Охрид, а противник ќе им биде тимот на Академија ФМП.
OhridNews