Кошаркарите на АВ Охрид со крупни чекори маршираат кон титулата во лигата до 18 години, откако на домашен терен со 75-59 (23-14, 17-17, 18-14, 17-14) го совладаа составот на Куманово.

До десеттата победа сезонава избраниците на Тони Стојаноски стигнаа со доминатна игра во три од четирите четвртини и им се реваншираа на кумановчани за поразот од првата полусезона. Првата им припадна со 23-14, третата со 18-14, а четвртата 17-14. Гостите единствено конкуретни беа во втората која заврши 17-17.

Во 14-та рунда од лигата до 18 години „галебите“ гостуваат кај составот на Баскет Академија од Струмица. До крајот на сезоната остануваат уште два натпревари вклучувајќи го дуелот со струмучките кошаркари.

OhridNews