Јавната установа Национален парк Галичица, на 23 мај свечено ќе го одбележи отворањето на новата пешачко-рекреативна патека Трпејца –Чоколско. Централниот настан ќе се одржи на паркинг просторот во селото Трпејца со почеток во 12 часот.


Нова рекретаивна патека на Галичица

Изградбата на патеката Трпејца – Чоколско е финасирана од Германската KFW банка, во рамките на проектот „Поддршка за Национален парк Галичица“. Патеката е дел од инфраструктурата на Н.П. Галичица со која се отвораат нови можности за посетителите на паркот да научат повеќе за неговите природни и културни вредности и да имаат посодржаен и попријатен престој, информират од националоната установа.

Ohridnews