Како што е најавено, новата редакција треба да се формира во процедура предвидена со Статутот и другите правни акти на МАНУ најдоцна во рок од еден месец. Новата главна редакција ќе треба да ги замени спорните текстовите во енциклопедијата, се наведува во заклучоците од денешниот состанок на претседателството на Академијата. Претседателството на МАНУ констатирало дека одредени текстови во Македонската енциклопедија кои може да имаат пошироки импликации во општеството не биле рецензирани, а целосниот текст на енциклопедијата не бил разгледан од ниту еден орган на Академијата. Одлуката за формирање нова главна редакција всушност значи смена на академик Блаже Ристоски од функцијата главен редактор.
Наспроти ваквиот став на претседателството академик Блаже Ристовски не размислува да се повлече од функцијата.
– Оставка не ни мислам да давам, ниту некогаш сум мислел. Јас ја правев таа Енцикопедија за овој народ, со скоро 300 соработници. Каков би бил јас да им свртам грб на сите тие луѓе. Тоа е чест, тоа е совест, тоа е свест. Не мислам да давам никаква оставка зашто не чувствувам никаква вина. Тоа е мое прво и конечно решение, рече во изјава за медиумите Ристовски.