Поранешниот тренер на Охрид 2004, Горазд Михајлов ќе го преземе кормилото на последнопласираниот Тетекс во Првата македонска фудбалска лига.

Михајлов на клупата од “штофарите“ ќе го наследи Ѓорги Тодоровски, кој не успеа да забележи поволен резултат во првите натпревари од втората полусезона. Михајлов во првата полусезона беше на чело на Пелистер, но по слаби резултати тој беше сменат.

Михајлов и Тетекс ќе имаат (не)возможна мисија да обезбедат опстанок во елитното друштво. Разликата меѓу Тетекс, кој се наоѓа на дното од табелата и местото кое обезбедува бараж средба е 11 бодови.

Мх.П.