Во Охрид од неодамна започна да работи новата промотивна агенција ГЛОБАЛ СПИРИТ. Основна цел на оваа агенција е организирање забави со артисти кои се занимаваат со underground музика, како од земјава така и од странство.
Првата официјална забава во организација на ГЛОБАЛ СПИРИТ ќе се случи во петок 01.06 во Ликвид кафе каде ке се престават Dj Nikola Kunich и резидент Dj Igorr, кои ветуваат одлична забава. Журката започнува во 22.00.
Организаторите велат дека ова е само прва од низата забави што се предвидени во летната сезона. Тие порачуваат на 01.06.’07 бидете во Ликвид кафе и нема да зажалите.