Објавена е најновата книга на поетот Димче Шипинкаровски насловена „Татков аманет”. Книгата е во издание на Здружението за литература, култура и наука „Бран” од Струга.
Уредник на изданието е Борче Панов, а професор д-р Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, во посебна рецензија, прави осврт на творештвото на Шипинкаровски.
Покрај насловната песна, посветена неговиот покоен татко, писателот, поет и есеист Петко Шипинкаровски, Димче Шипинкаровски, остава белег во македонската поетска ризница, уште и со песните„Испустено огниште”,и „Голем ангелу од Небрегово”, посветени на Блаже Конвски, потоа „Нож в грб”, посветена на Коле Чашуле, како и со бројните лирски записи, како во песната „Вака зјдвит сонцето во Струга”.
Еден од новите современи македонски автори е и Димче Шипинкаровски, поет од Струга, кој, преку својата поетска книга „Татковиот аманет”, презентира поезија создавана во 2020 и 2021 година. Во неговите свежи, доживеани и искрени песни, тој ја раздиплува целата своја интима, исполнета со немир, страст и пркос, пишува мегу другото професор д-р Христо Петревски во рецензијата насловена „Чинот и радоста на создавањето”.
Димче Шипинкаровски е добитник на награда за 2022 година на престижната поетска манифестација „Антево Слово”, која се доделува во чест на истакнатиот македонски поет Анте Поповски.
OhridNews