Во издание на ВиГ Зеница излезе новата, триесет и третта по фед, поетска книга на Ристо Лазаров која уште со насловот (,,Трпки“) нѐ втурнува во искушенија и предизвиците што ги живееме, тука, покрај нас и во нас.

 

И ова книга на Лазаров кој во литературната критика веќе е означен и како ,,поет на македонската транзиција“, ги содржи вообичаените седум циклуси со по седум песни. Насловите на некои од циклусите ја откриваат поетската патека по која нѐ води Лазаров: ,,Црв во дабот“, ,,Сенки“, ,,Пицерија Ајнштајн“, ,,Бојадисување“, ,,Толчник“…

Поетот и главен уредник на ВиГ ,,Зеница“ Глигор Стојковски својот поговор кон книгата го насловува ,,Поет на важни вистини“, оценувајќи дека не се весели поетските приказни на Ристо Лазаров…

Тргнете го повишениот тон во сите негови книги, значи не прифаќакте да ве заведе само шармот на јазичните досетки со кои изобилува и ќе откриете еден сосема поинаков поет – можеби најдлабоко нурнатиот, најдлабоко обеземениот , најцелосно посветениот во нашата живеачка, овде,- во нашава дома, најзагрижениот, најнемилосрдниот и најдоследниот просудувач, безмилосен судија на разните (а)национални, кусогледи, политикантски манифестации што изминативе триесетина години ни се случуваат недозволиво многу. ,,Трпки“ е книга, заклучува Стојковски, која уште еднаш потврдува дека некогашниот бунтовен поет Ристо Лазаров е веќе зрел, смирен и мисловен, поет кој кажува важни вистини, на начин сосема соодветен на богатото товречко и животно искуство: лиричен, рефлексивен и натаму јазично свеж и натаму, сепак – немирен.

OhridNews