Во издание на ВИГ „Зеница” од печат излезе најновата поетска книга на македонскиот поет Ристо Лазаров „Езерска”.

Книгата содржи педесетина песни, а во поговорот на Наташа Аврамовска се наведува дека најновата поетска книга на Ристо Лазаров „Езерска”, се огласува со болскотот на мигот, оној што овде-онде се препелка во лелеавоста на хоризонтот на езерската шир под навевот на ветерецот на денот.

Ова е несомнено возбудлива поетска книга чијашто игривост и алузивност во хармонија со лиричноста и симболичноста на пеењето ни открива мноштво нови погледи на градот што на сите ни е свој и најсвој – продолжува Аврамовска, подвлекувајќи дека притоа книгата игриво ни го пренесува и нашиот отслик во мрешкањето на неговите води-сосе свежината на навевот на отворениот хоризонт и неговата многуликост.

OhridNews