Во издание на „Везилка 2011” излезе од печат уште еден нов наслов – поемата „Тесен пат кон далечниот север” од Ристо Лазаров. Како што е познато на читателската публика, оваа поема, компонирана во седум пеења, го носи истиот наслов на драмата на Едвард Бонд играна во МНТ во 1972 година во режија на Владимир Милчин, како и на романот на Ричард Фланган, добитник на Букеровата награда во 2014 година.
Во обемниот поговор кон оваа поема, писателот и есеист Томислав Османли подвлекува дека „Тесен пат кон далечниот север” е творба копја тргнува и трогнува, и стежнува не поради фаснтасмагорискиот материјал чии слики и чувствувања јакнат во текот на стихуваната темна хроника без одредиште. Таа е шолна со метафизички слики и богата со фигури, и од дел во дел израснува во една голема, знаменита, темна песна, густа и тешка како нашата празнина и небитница за кои со право и без заобиколување <лазаров критички пее. Подобро речено, крикнува. Тоа е огласен, крикот што во себе го чувствуваме сите, но во нас е нем, а во „Тесен пат кон далечниот север” е изнедрен во многу релевантна филозофска, метафизичка поетска творба.
Импресивни се, продолжува Османли, токму метафизичките слики кои авторот ги создава во својата нова творба и кои се рамни на големите мајстори на фантасмагориската уметност , сликарска и литературнна, или и – таква-и-таква, сеедно… Тие се појавуваат како парадоксални претстави (,,патот што вчера беше широк/ноќум се стеснил…”, како тревожни метафизички параболи (,,Со време низ нијансите на правта, почнаа да зјапаат во ништо…), симболистички глетки и фантасмагории (,,проколнато беспаќе каде што нема ни кој рака да ти подаде”/,,на полна месечина се гледа дека бездната е полна со черепи и со маски, капки крв притаено светкаат како ѕвездички од детските играчки”).
„Тесен пат кон далечниот север” е петта книга во годинашнава зимска едиција на ,,Везилка 2011” и по обичај, како и другите наслови на оваа куќа, се објавени без барана, ниту добиена поткрепа од државата.
OhridNews
|
|
|
|