На свеченото отворање на гостите им се обратија Претседателот на Управниот Одбор на Кроација Осигурање д.д Загреб, Хрватска г-дин Хрвоје Војковиќ и Генералниот директор на Кроација Осигурување АД – друштво за неживотно осигурување, г-дин Драган Лазарески.
– Долгата традиција на интернационалниот пазар, искуството и квалитетот на услугите кон клиентите се само дел од стратешките цели на оваа компанија за освојување на пазарот во Република Македонија. Со отворањето на поголем број на подружници за понуда на одлични производи и услуги, Кроација Осигурување АД – друштво за неживотно осигурување, цели кон постојано градење на довербата кај клиентите, беше истакнато на отворањето на подружницата во Охрид.
Нова подружница на „Кроација Осигурување“ во Охрид
На свеченоста присуствуваа голем број гости и јавни личности од Охрид, меѓу кои и градоначалникот Петрески, претставници на компании и бизнисмени.