Ракометарките на Лихнид забележаа нова победа во Пионерската лига совладувајќи го тимот на Преспа со 21-11 (10-7) на домашен терен.
До третата победа вкупно сезонава во исто толку одиграни мечеви „китовите“ стигнаа со доминатна игра во текот на целиот натпревар.
Стекнатата предност од почетокот избраничките на тренерскиот тандем Јованоски – Смилеска ја задржаа до крајот и прокнижија нови три бодови на табелата.
Р.К. Лихнид : Илоска, Балоска, Бутеска, Блажеска 4, Ложанкоска, Јолеска 2, Алексиоска 3, Крстаноски, Наумоска, Танческа, Чавковска, Маркоска 10, Костеска, Спространова, Тренеска, Угриноска 2.
Р.К. Преспа : Јованоска, Бојковска, Бундевска, Тасевска 9, Силванева, Митревска, Костовска, Младеновска, Головодовска, Јосифоска, Стефаноска 2.
Мх.П.