Ракометарите на Охрид во младинска конкуренција ја продолжија победничката серија совладувајќи го составот на Македонија Ѓорче Петров 40-26 (16-12) во втората рунда од пролетната полусезона.

Избраниците на Наум Бабачев уште од самиот старт наметнаа жестоко темпо, а гостите оддолеаја и на одмор заминаа со негатива од 4 голови (16-12). Охриѓани во второто полувреме уфрлија брзина погоре, ја забрзаа играта и постигнуваа лесни погодоци. Таква игра им донесе убедлива победа од 14 голови разлика (40-26).

Најпрецизни во составот на Охрид беа Мартин Иваноски со 13 односно Наум Костов со 10 погодоци. Во следната рунда „гладијаторите“ гостуваат кај Еурофарм Работник во Битола.

OhridNews