Охридскиот атлетичар Јован Стојоски се закити со златен медал на Националното првенство во атлетика за пионери победувајќи на трката на 300 метри.

Стојоски победата на 300 метри ја зачини со нов државен рекорд. Стипендистот на МОК трката на 300 метри ја истрча за 33, 83 секунди и за две секунди го подобри рекордот.

Атлетичарот од охридскиот клуб моментално е сопственик на пет рекорди во македонската атлетика.

Најуспешни екипи на првенството за пионери беа АК Работнички во машка односно АК Лирија во женска конкуренција.

OhridNews