Ракометарите на Охрид забележаа нова и очекувана победа во седмата рунда од плејаутoт во Супер лигата совладувајќи го Борец на гостински терен со 49-14 (26-7).

Охрид со серија од 7-1 го отвори мечот и стави до знаење дека ќе игра под полна гас без опуштање и калкулирање. Разликата од минута во минута растеше и по триесет минути игра стоеше 26-7. Со брзото темпо охридските ракометари продолжија и во второто полувреме и стигнаа до 49 постигнати голови. „Гладијаторите“ со рутинскиот триумф ја продолжија победничката серија која трае од самиот почеток на плејаутот.

Пивотменот Иван Тасески и десното крило Наум Костов имаа  по 9 голови, 6 реализираше Кристијан Димитриески, а по пет пати прецизни беа Крсте Андоновски и Бобан Блажески.

Во следната осма рунда Охрид на домашен терен ќе го пречека Радовиш, а потоа следуваат дуелите со Струга и Вардар.

OhridNews