Охридските ракометари забележаа нова победа во плејаут лигата совладувајќи го составот Вардар Јуниор со 36-26 (19-15) на гостински терен во рамките од четвртата рунда.

„Гладијаторите“ максималниот ефект во плејаут лигата го задржаа со една сигурна и рутинска игра дозволувајќи му само едно водство на противникот во текот на целиот натпревар. Домаќините рамноправен противник беа до 8-8. Потоа, Охрид направија серија од 6-1 и се одлепи на 14-9 и полувремето го доби со 19-15.

На стартот во вториот дел охриѓани се одлепија на шест позитива 21-15, а со нова серија дојдоа и до двоцифрена предност 27-17. Високата разлика рутински беше задржана и забележана нова победа во плејаут лигата.

Најефикасен во тимот на Охрид беше Иван Тасески со 10 голови, по пет реализираа крилата Крсте Андоноски и Бобан Блажески и десниот бек Лазар Петровиќ. Два пати мрежата ја погодија Даниел Андоноски, Стефан Трпчевски, Славиша Димитријески и Златко Везенковски, а по еднаш во листата на стрелец се запишаа Мартин Ивановски, Борче Соколов и Кристијан Димитриески. Во екипата на Вардар најпрецизен заврши Дејан Кукуловски со седум погодоци.

Охрид во следната рунда од плејаутот игра со Прилеп на гостински терен.

OhridNews