После позитивните критики за неговата прва песна “Да не е млако” од Мето Ди Флеш ни доаѓа втор сингл насловен како “Те чекам”. Нумера во модерен, динамичен, фанк стил.

„Те чекам“ – нова песна од Мето Ди Флеш

Карактеристично за новата песна на Мето Ди Флеш, за која тој ги напиша музиката и текстот, е што соработува со повеќе музичари преку интернет од разни држави. Главното студио е во Струга, кај него, каде што покрај Мето Ди Флеш кој свири и гитара, пеат уште и Марија Мечкароска и Владимир Нестороски. Во Скопското студио на Стефан Петаноски, Ѓоле Максимовски свири бас, а пее Ана Петаноска. Во Американско студио, пак, саксофонистот Томи Леб снима брас секција, додека во Варшава, Полска, Зоран Кречо прави мастеринг на траката.

Видеото е во продукција на “Flash Production” од Струга и претставува „журка“ во охридскиот скејт парк која подоцна се префла низ охридските улици, каде што своите лудории и вештини ги претставува скејтерот Мартин Ристевски.

Мето Ди Флеш, е актуелен низ целата држава со неговите лајв караоке настапи по познатите кафулина и клубови. Се надева дека и оваа песна ќе наиде на добар прием кај неговата публика и најавува дека нема да застане тука и ќе се труди редовно да ги изненадува фановите со нов снимен материјал.

Видео промоцијата на новата песна на Мето Ди Флеш се случи денеска на неговуиот You tube канал, а таа во наредниот период ќе биде промовирана на неговите настапи во живо.

OhridNews