На 2 август на големиот национален празник Илинден во водите на Охридското езеро ќе се одржи 41-то издание на традиционалниот пливачки маратон, познат како „Илинденски или мал маратон“.
Патеката на Илиденскиот пливачки маратон ќе претрпе измени. Годинава наместо од Хотел Парк до Градското пристаниште ќе се плива кружно на самиот кеј. Делницата останува иста од 2.5 километри.
Пливачкиот клуб Охридски бранови кој е организиратор ќе ги преземе сите мерки и протоколи за безбедна трка во услови на пандемија од вирусот Ковид -19. Се очекува на стартот да се појават 50 пливачи во машка и женска конкуренција.
Стартот на „малиот маратон“ е во 10 часот.
OhridNews