Центарот за развој на Југозападен плански регион, во соработка со Општина Охрид, го стави во функција и последниот додаток од опремата – пила за кастрење, кој што беше дел од проектот за „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“, финансиран од Општина Охрид.

Притоа во охридските јавни претпријатија инвестирани се 4,3 милиони денари за товарното возило за Водовод, претходно 3,2 милиони денари за двата трактори со приклучна механизација за Охридски Комуналец и Нискоградба, велат од Центарот за за развој на Југозападен плански регион.

OhridNews