Со овој договор ќе се овозможи комплетно опремување на 10 хируршки сали, и тоа со операциски маси, светла, апарати за
анестезија, респиратори, централен систем за мониторинг на пациенти, како и со 32 апарати за хемодијализа. Вредноста на опремата од оваа прва фаза ќе изнесува милион и 400.000 евра, а апаратите ќе бидат испорачани до крајот на оваа година. Нова опрема ќе добијат болниците во Охрид, Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Дебар, Велес, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Кавадарци, Прилеп и Гевгелија.
По испораката и монтирањето на оваа опрема, односно до јуни идната година, треба да биде распишан тендер за набавка на нова медицинска опрема, во вредност од милион и 180 илјади евра.