Видео сет за интубација денес беше предаден за употреба на ЈЗУ Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од страна на Центарот за развој на Југозападниот плански регион обезбеден во рамки на проектот „Опремување на современ центар за физкална терапија во болнцата Св.Еразмо“.
Со оваа опрема ќе се обезбеди подобра визуелизација и поголема прецизност бидејќи видео сетот овозможува јасен и зголемен приказ на дишните патишта, што значително ја зголемува точноста при поставувањето на ендотрахеалниот тубус, помага во заштита на пациентите, особено кај оние со тешки анатомски предизвици и овозможува побрзо поставување на тубусот, што е клучно во критични моменти, посочуваат од Центарот.
Проектот е имплементиран од Центарот за развој на ЈЗПР, додека финансиран преку Министерство за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација / Швајцарска агенција за развој и соработка во вредност од 1.852.364,00 мкд.
OhridNews