Екипите на ЈП „Градски гробишта“ деновиве спроведоа работни активности за поставување на нова ограда во дворот од СОСУ „Свети Кирил и Методиј“.
На местото на отстранетата ограда од зеленило, изведен е бетонски ѕид на кој е поставена соодветна метална ограда. За оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени 450.000 денари.
Во текот на наредниот период во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ планирано е да биде извршена промена на дограмата во целиот училишен објект.
Во подрачниот училишен објект на ОУ „Свети Наум Охридски“ во селото Коњско деновиве беше извршена комплетна реконструкција на подовите во три училници и една канцеларија.
Поставувањето на новиот ламинатен под е овозможено преку донацијата која Општина Охрид ја обезбеди од компанијата за трговија со градежни материјали „Кармен Бауцентар“ Охрид.
Како дел од истата донација деновиве беше извршена и реконструкција на подовите во неколку училишни простории во ОУ „Григор Прличев“.
Во текот на наредниот период со средства од буџетот на Општина Охрид планирана е комплетна реконструкција на подовите во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“, во ОУ„Христо Узунов“ и подрачниот објект на ОУ„Кочо Рацин“ во село Лакочереј.
OhridNews