Фудбалска Македонија го живее својот сон, бидејќи на Европското првенство кое ќе започне в петок ќе учествува и македонската селекција. Пласманот на континенталниот собир ги мотивираше сите да направат нешто во својот домен, што ќе значи и упати поддршка за „црвено жолтите“.
Охриѓанките Невена и Калина и нивниот брат Наум Нешкоски, кои живеат во САД снимија оригинална химна „Але але Македонија“ со видео запис која веднаш стана хит на социјалните мрежи. За Невена и Калина ова не е прв пат да направат навивачка песна, затоа што тие две, пред две години му посветија песна на РК Вардар за втората титула во ЛШ.
Ова е трета навивачка песна за македонската фудбалска репрезентација. Претходно, песна со видео запис изработија бендовите „ВИС Рисови“ и ДНК.
OhridNews