Младиот Климент Мостров (14год) од ЖСК ,,Лихнидос” на првиот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма се пласира на првата позиција во јуниорска категорија во дисциплината пиштол. Тој со резултат од 515 круга во севкупен пласман мажи ја зазеде петтата позиција со исти број на кругови со четвртопласираниот Велибор Балоски од истот клуб.
Во истата дисциплина во сениорки, Валентина Гоџоска истотака од ЖСК ,,Лихнидос” се пласира на третата позиција со резултат од 525 круга, 7 помалку од второпласираната сениорка.
Во дисциплината воздушна пушка Бојан Спасеновски се пласира на втората позиција со резултат од 597,9 круга. Никола Спироски заврши на деветтата позиција со резултат од 555, 6 круга, додека Балоски Кристијан од СК ,,Охрид” се пласира на 17 тата позиција со резултат од 504,8 круга.
Во јуниорска категорија Јована Милевска од СК ,,Охрид” се пласира на 6 тата позиција со резултат од 596,5 круга, додека Мартина Петровска на првата позиција во сениорки пушка, односно на 9 тата позиција во севкупен пласман жени.
Ива Маленко заврши на 12-тата позиција, Калина Чепуњоска на 14 тата позиција, а Марија Ванѓеловска на 16 тата. Емилија Алексока беше 19 та, а свој прв настап имаше и Драгана Локоска која заврши на 21 та позиција. Во дисциплина пиштол свој прв настап имаше и младата Стефанија Вељаноска која се пласира на 4 тата позиција во јуниорска категорија, односно на 7 ма позиција во севкупен пласман жени.
OhridNews