Колку амбуланти, аптеки, стоматолошки или гинеколошки ординации, болници и клиники ќе има во одредено географско подрачје, ќе зависи од вкупните здравствени потреби на населението на тоа подрачје, што ќе се утврдува според точните статистички податоци и анализи.
Како што потенцира министерот за здравство, Османи, сите државни установи ќе бидат дел од мрежата и „приватниот сектор се јавува како дополнување на државниот сектор“.
Доколку е исполнет капацитетот на мрежата на едно подрачје, дозволено е отварање на нови здравствени установи, но нема да биде финансирано од државата. Во установите надвор од мрежата нема да важи здравственото осигурување, односно сините картони и граѓаните целосно ќе си ги плаќаат трошоците доколку ги користат нивните услуги, информираше Османи.
Во регионот каде има повеќе државни болници отколку што е предвидено со новата мрежа, вишокот здравствени установи ќе бидат затворени.
извор: Makfaks