Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес информира дека е објавен нов оглас за кредитирање, поволен кредит којшто може да го земат сите оние што имаат бизнис идеја за да формираат сопствена компанија или пак постоечките компании да отворат нови работни места. Огласот којшто излезе ќе трае во наредниот период, односно во наредните 30 дена. Сите заинтересирани невработени или сопственици на постоечки компании ќе можат да аплицираат на огласите коишто се објавени и може да земат кредитни средства од 3.000 до 5.000 до 7.000 евра за самовработување или по 3.000 евра, односно по 4.000 евра за отворање на ново работно место што значи дека кредитите може да се движат од 5.000 евра па се до 23.000 евра за младите лица до 29 години, како и воопшто за сите невработени коишто имаат бизнис идеја.
“Можат да го искористат кредитот по поволни услови, со само 1% каматна стапка и грејс период од една до една и пол година и рок за враќање од 5 до 7 години. Можат сите слободно коишто се заинтересирани да дојдат во Агенцијата за вработување, во Центрите за вработување за да ги добијат информациите за начинот на аплицирање и за начинот на кој што може да ги искористат овие поволности, рече министерот Спасов.
OhridNews