Нов контингент македонски мировници утре заминува на мисија во Авганистан. Свеченоста по повод испраќањето на „Леопардите“ во Авганистан ќе се одржи утре во касарната “Михајло Апостолски“ во Охрид.

Се очекува мировниците да ги поздрави врховниот командант на воените сили, претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Ohridnews