Ждпреката во ФА купот повторно немаше милост за Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ за ривал во 1/8 финалето го добија Челси, а мечот ќе го одиграат на Стемфорд Бриџ од 15 до 18 февруари.
Манчестер Јунајтед за пласман во ТОП 16 го елиминираше Арсенал совладувајќи го (3-1) на Емирати, додека „сините“ кои се бранители на трофејот имаа полесна задача против Шефилд на домашен терен победувајќи со 3-0.
Манчестер Сити во 1/8 финалето ќе се сретне со победникот од Мидлзброу-Њупорт, а Кристал Палас кој го помина Тотенхем ќе се судри со Донкастер.
Двојки 1/8 финале:
Бристол – Шревзбери/Вулверхемптон
Вимболдон – Милвол
Донкастер – Кристал Палас
Мидлзброу/Њупорт – Мен Сити
Челси – Мен Ју
Свонси – Барнет/Брентфорд
Портсмут/КПР – Ватфорд
Брајтон/ВБА – Дерби
OhridNews