Кон крајот на јануари во нашата земја ќе се одржи нова македонско-грчка средба за името. Како можно место каде би се одвивале преговорите сериозно се споменува Охрид. На средбата според најавите, Македонија ќе партиципира на министерско ниво, за Грција не се знае.


Нимиц повторно доаѓа во Охрид !?

Македонскиот државен врв во пресрет на јануарската рунда преговори уште еднаш го повтори цврстиот став дека промената на уставното име на земјата не доаѓа во предвид. Во меѓувреме грчкиот печат пишува дека САД подготвуваат терен за влез на Македонија во НАТО и дека во истовреме посредникот во преговорите за името, Метју Нимиц, подготвува нов предлог за решавање на грчко-македонскиот спор.

Метју Нимиц во друштво на македонскиот претставник во преговорите, Никола Димитров, го посети Охрид минатата година за Василица. Нимиц  прошета низ стариот дел на Охрид, каде во една од маалите  извесно време присуствуваше  на традиционалниот дочек на Стара Нова Година, а се виде и со познатиот охридски археолог Паско Кузман, кој му презентираше артефакти од културно-историското минато на македонскиот народ.

Г. Момироски