Новата лидерска средба помеѓу Груевски, Заев, Ахмети и Тачи ќе биде одржана во вторник, со присуство на еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан, потврдиле од неговиот кабинет.

На средбата нема да присуствуваат тројцата европратеници Иво Вајгл,  Ричард Ховит и Едуард Кукан, кои досега беа медијатори помеѓу преговорите кои лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги имаа во Брисел и Стразбур.

Досегашните три лидерски средби не донесоа договор, а нити пак рамка или форма во која би се одржале преговорите, и сите страни засега остануваат на своите ставови.

OhridNews

Извор:„Макфакс“