Лидерите на најголемите политички партии во понеделник во Скопје, повторно ќе седнат на преговори со цел излез од политичката криза. На средбата, која е под медијаторство на Европската унија, нема да присуствува еврокомесарот Јоханес Хан, кој изјави дека се надева на подобрување и на први конкретни резултати.
Премиерот Никола Груевски во интервју за Фајненшл тајмс рече дека ги прифаќа предлозите на опозицијата, но дека нема намера да се повлече од функцијата. Повлекувањето на Груевски од челната позиција во Владата е едно од клучните барања на опозициската СДСМ, кои повторуваат дека без повлекување на Груевски нема договор.
OhridNews