Лидеритe на четирите најголеми партии утре повторно во Клубот на пратениците ќе седнат на маса, со цел да најдат начин за излез од политичката криза, јавува „Телма“.

Последната средба меѓу Груевски, Заев, Ахмети и Тачи се одржа во понеделникот по што беше соопштено дека лидерите на главните политички партии се договориле да се состанат повторно во наредните денови. На средбата премиерот го претставил владиниот план за примена на препораките што се однесуваат на системски реформи во областа на владеење на правото, што е потребно да се спроведат согласно точката 6 од договорот од втори јуни.

OhridNews