Деновиве во Културно-информативниот центар „Култура 365“ во Охрид се роди идејата за нови уметнички дружења – ЛУНУС (Летни уметнички ноќи на улица „Самоилова“) кои ќе се одржуваат во текот на јули и август. Средбите ќе се одржуваат секоја ноќ од 21.00 часот во КИЦ „Култура 365“, ул „Цар Самоил“ 34.

Заинтересираните уметници можат да се пријават во „Култура 365“. Учесниците кои ќе настапуваат во ЛУНУС самите ќе си ја подготвуваат и изведуваат програмата според сопствената замисла.

Организатори на новата културна манифестација се Димитар Пандев, Славе Ѓорѓо Димоски и Мишо Јузмески (директор на „Култура 365“).

Културно-информативниот центар „Култура 365“, кој во јуни оваа година ќе ја прослави осмата година од своето постоење, во своето досегашно дејствување беше домаќин на бројни македонски уметници, но и на творци од Албанија, Романија, Холандија, Словачка, Италија и Црна Гора.

Најновата културна манифестација е во насока на промоцијата на македонски и туѓоземни уметници, како и збогатување на културниот живот во Охрид со нови уметнички содржини, велат иницијаторите.

OhridNews