Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“, СВР Охрид до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 56-годишно лице.

Како што информираат од министерството за внатрешни работи, пријавениот, во периодот од 2014 до 2017 година, во својство на одговорно лице-директор во ЈЗУ “Центар за јавно здравје” Охрид, искористувајќи ја својата положба и овластување извршил пречекорување на границите на своето службено овластување, остварил корист за себе  нанесувајќи материјална штета на ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ Охрид во износ од 124.871 денари.

OhridNews