ОВР Струга поднесе кривична пријава против градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за сторени три  кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување”. МВР поднесе кривични пријави и против  П.Д.(64), ревизор во општината за „несовесно работење во службата” и „непријавување на кривично дело” и против Р.А.(51), сопственик на ТДПУ „Фати тренд 2006” ДООЕЛ Струга за сторени кривични дела по чл.70 од Законот за просторно и урбанистичко планирање и чл.129 од Законот за градење.

Првопријавениот, во април 2007 година, не го раскинал договорот со Р.А. согласно кој Р.А. на име на комуналии за изградба на објект требал да плати 29.300.325 денари, но истиот уплатил само една рата на општината во износ од 6.100.000 денари. Исто така, потпишал одобрение за градење на објект на штета на општината иако градењето од страна на општинската градежна инспекција било забрането. Кон крајот на 2006 година, потпишал штетен договор со инвеститорот „Мираж„-Струга за  изградба на хотел во Струга, согласно договорот инвеститорот требало да плати комуналии во износ 15.282.810 денари, а истиот уплатил на Буџетот на општината само 4.500.000 денари. Второпријавениот не извршил надзор врз работењето на првопријавениот и не ги пријавил кривичните дела. Третопријавениот, спротивно од Законот за градење без соодветна документација започнал изградба на објект.

Неодамна мерко исто така доби кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овбластување.

извор:                                                                                                                        фото: Ohridnews
МВР